Во Аргентина уапсен член на криминалната група „Пинк Пантер“

Звездан Бегиќ (34) од Подгорица, осуден член на меѓународната криминална организација Пинк Пантер е уапсен во Буенос Аирес.

Звездан Бегиќ (34) од Подгорица, осуден член на меѓународната криминална организација Пинк Пантер е уапсен во Буенос Аирес.

Бегиќ влегол во земјата со фалсификуван пасош на Европската унија, а живеел под лажен аргентински идентитет. Тој е осуден во Франција на 15 години затвор, а го бара и италијанската полиција за грабежот во Милано.

Според аргентинските медиуми, Бегиќ и неговиот колега ограбиле златарница во Сен Тропе во 2005 година и одзеле накит вреден два милиони евра.

Бројни медиуми претходно објавија дека Бегиќ и Душко Мартиновиќ, двајцата, биле осудени на 15 години затвор во Франција за тоа, со доживотна забрана за влез во таа земја. Бегиќ и двајца колеги вооружени влегле во златарницата „Парадизо Луксери“. Одзеле 20 часовници „Ролекс“ и две нараквици проценети на по 200 000 евра и избегале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот