Во Албанија полицискиот час останува, музика во рестораните до 23 часот

Фото: printscreen/МИА

Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, одлучи да го продолжи времето за дозволување музика во угостителските објекти до 23:00 часот, додека полицискиот час и другите мерки остануваат непроменети.

Претседателката на комитетот и заменик-министерка за здравство, Мира Ракацоли додаде дека епидемиолошка состојба во земјата е стабилна во „време кога туризмот започнал нормално”, но сепак не може да се согласат со барањето на угостителите да се дозволи музика до полноќ.

-Комитетот на експерти, врз основа на податоците за епидемиолошката состојба, врз основа на континуитетот на процесот на вакцинација и масовната вакцинација како еден од главните елементи на заштита од зараза, одлучи да се дозволи музика во угостителските објекти до 23:00, што значи час повеќе. Другите мерки, како што е полицискиот час од полноќ до 6 часот и одржување настани, со 30 отсто пополнетост од капацитетите, остануваат и понатаму во сила, изјави Ракацоли.

 

Според денешните податоци на Mинистерството за здравство регистрирани се 11 новозаразени, од напарвени 3.439 тестови, починати нема, 7 лица се оздравени, додека болнички се третираат 6 пациенти, од вкупно активните 160.

Во врска со хоспитализираните ковид пациенти рече дека се на над 65 – годишна возраст и не биле вакцинирани.

Таа упати апел до граѓаните да се вакцинираат, за што, како што рече, од денес вакцината е поблиску до нив, бидејќи почна теренската вакцинација насловена „од врата до врата”, како и отворените денови за вакцинација на лицата над 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот