Во 2023 година Косово го напуштиле 167 лекари, трендот продолжува и оваа година

Фото: Драган Митрески / Слободен Печат

Косово се уште е соочено со заминување на лекарите. Само во 2023 година работа ја напуштиле 167 лекари, додека овој тренд продолжил и во првите два месеци од годинава. Условите за работа, платите и можноста за специјализација, според Лекарската комора, се главните причини за заминување во западните земји. Во 2023 година 167 лекари добиле етички сертификат кој служи за вработување во странство. Во меѓувреме, во првите два месеци од годинава на ист начин постапиле уште 20 други, покажуваат податоците на Лекарската комора на Косово, објави Коссев. Поради ова, многу центри за семејна медицина во општините се соочија со недостиг од лекари.

„Лекарската комора на Косово не издава потврда за вработување во приватни клиники, туку издава потврда за етичко искуство, документ кој може да се користи за вработување во земјата или во странство. Според анкетата спроведена од Комората, утврдено е дека главни причини за заминувањето на лекарите од земјава се: невработеноста, условите за работа, квалитетот на специјалистичко образование, како и незадоволителните плати во категоријата општа пракса“, се наведува во одговорот на Лекарската комора.

Косовско Поле е една од најтешко оштетените општини од ова заминување и поради големиот број жители. Само минатата недела тројца лекари дадоа отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот