ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста, ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати

СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста додека на јавна сцена во собрание ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати, реагираат преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на собранието и неговиот член 17, кој јасно вели дека пратениците кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на верификационата комисија, како што тоа денес го прави- наведвуваат во соопштението оттаму.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова не гласаше против верификацијата на мандатот на пратеникот Бедри Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и овој мандат го почна со кршење на постапките и законските решенија, потенцираат оттаму, насилно и за гола власт ја уништија правната држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот