За ТНТ, ВМРО-ДПМНЕ на суд, ВМРО-ДПМНЕ пред суд!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Таман се чини го подзаборавивме ВМРОВ-скиот начин на „догодио се народ“, ете ти „спонтан собир на граѓани“ пред судот како „подршка“ на обвинетите во случајот ТНТ или уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски.

А всушност цел општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба, сака да упадне во Судот.

Ова се нема случено од времето кога на чело на партијата беше Никола Груевски.

Се повампируваат ли старите методи на политички притисоци и физички напади на членовите на оваа партија врз сите институции, организации, здруженија, медиуми и незаивисни иницијативи кои и малку не се сложуваат или се против оваа партија, или член на партијата без разлика дали е на власт или во опозиција.

Можеби зад феноменот „граѓанско незадоволство“ на мала врата се враќа Груевски и груевизмот како во „добрите стари времиња“ кога на улиците се вадеше цела администрација и сите октроирани „владини-невладини“ организации како подршка на безгрешните одлуки на
Лидерот и на „партијата-држава“. Или кога заради „заштита на националните интереси“ се применуваа насилни методи од кои сите живеевме во страв, а државата стана ЗАРОБЕНА.

Или пак можеби сегашниот лидер на партијата почнува да ги применува истите методи кои некогашниот лидер му ги оставил во ука и аманет.

Но можеби овие луѓе не се негови? Тогаш чии се?

Но одговорноста е секако негова. За каква независност на судството тогаш говори сегашниот лидер на партијата Христијан Мицковски. За неависност од оваа власт, но не и од нивната?

Ако ОВА раководството на ВМРО-ДПМНЕ навистина сака правда за сите, тогаш подобро да ги остави неговите обвинети членови ВНАТРЕ во судовите во ред, а не НАДВОР пред судот во неред да навиваат за оние внатре.

Едно е сигурно, крвавиот четврток не е толку далеку да се заборави, за сега и секој навидум мал насилен инцидент да не потсетува на тие настани од 27 април.

Дали овие обиди за влез на партиски членови на судски процес (меѓу кои има и обвинети „шамари во центар“) или на провокации за тепачки на увид на ДУП на Трнодол, или спонтан граѓански испад на улица пред премиерот и градоначалникот, се само предигра за серија слични во текот на изборната кампања, или најава за нешто повеќе што би се случувало по изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот