ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска да си поднесе оставка, таа нема кредибилитет да оценува судии

Павлина Црвенковска треба да си поднесе оставка, таа нема кредибилитет да оценува судии. Нејзиниот интегритет е нарушен.

Сопругот на Црвенковска земал кредит во висина од 1.7 милиони евра, со покритие од само 400 000 евра, објавија оштетените штедачи од Еуростандард банка. Тој исто како и Заеви и нивните партнери не го вратил кредитот.

Црвенковска покрај тоа што е поврзана со Еуростандард, исто како Заеви, таа била и функционер на СДСМ долги години.

Црвенковска нема ниту еден ден судиски стаж, а треба да оценува судии. Каде плови овој брод?!

Црвенковска да си поднесе оставка. Никој нема да верува во нејзината непристрасност, и ќе ја девалвира институцијата во целост, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот