Властите во Азербејџан ѝ се налутија на Ненси Пелоси, велат дека навива за Ерменија

Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL
Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL

Азербејџан ги критикуваше изјавите што претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ги даде во врска со пограничните конфликти со Ерменија при нејзината посета на Ереван.

Според Баку, забелешките на Пелоси дека Азербејџан извршил „неосновано и неоправдано” посегнување посегнување по ерменскиот суверенитет, нанеле сериозен удар врз мировните преговори со Ереван.

„Неоснованите и неправедните обвинувања на Пелоси против Азербејџан се неприфатливи”, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи притоа посочувајќи ја претседателката на Конгресот на САД како „проерменски политичар”.

„Ова е сериозен удар за напорите за нормализирање на односите меѓу Ерменија и Азербејџан”, се вели во соопштението на Министерството.

Азербејџан нагласи дека неодамнешните оружени судири биле последица на „воена провокација од големи размери” од страна на Ерменија, што Ереван го негира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот