Владите на Македонија и Србија се договорија за граничниот премин Лојане-Миратовце

Фото: Дадо Ѓилас/курир.рс

Владите на Северна Македонија и на Србија го усвоија текстот на Договорот за отворање на заеднички граничен премин Лојане – Миратовац, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој нагласласи дека Владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата.

Османи во постот, кој го објави вчера прикачи и фотографија со Нацрт – записникот од 169 седница на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот