Владата се уште не ги разгледувала забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците

Владата се уште не го разгледувала забелешките на Венецијанската комисија поврзани со Законот за употреба на јазиците, како и во кој временски период ќе се имплементираат. Наскоро, како што појасни министерот за правда Бојан Маричиќ ќе се формира работна група која детално да ги разгледа забелешките на Комисијата, по што ќе се одлучи како ќе се постапува по нив.

– Принципилено ние секогаш како Влада сме ги почитувале препораките на Венецијанската комисија. Конкретно за овој закон Владата го испрати по своја иницијатива на разгледување и ги доби забелешките. Се уште не сме ги разгледувале, ниту на Влада, ниту сме одлучувале како ќе се имплементираат и во кој временски период, рече министерот Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој најави дека во наредниот период ќе се разгледа прашањето и ќе треба да се направи работна група која ќе треба детално да помине низ забелешките и коментарите на Венецијанската комисија.

– Ние допрва ќе го разгледуваме ова прашање. Тоа не е разговарано ниту на ниво на Влада, ниту на ниво на коалиција за тоа како ќе изгледа процесот на разгледување на коментарите на Венецијанската комисија, кои во најголем дел најмногу и најсусптински се однесуваат на фунционирањето на овој закон во правосуството, рече Министерот за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот