Владата се коригира: Од вторник не смее да има поскап зеленчук и овошје од 100 денари за килограм

Овошје цени во маркети / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека имале конструктивен состанок со увозниците на овошје и зеленчук, по што било одлучено да се направи мала корекција на цените на овие производи.

-Генералниот нашиот увоз е од Турција, Грција, Србија и Албанија и повикувајќи се на новите цени во Царинската управа, наредниот вторник ќе ги ревидираме замрзнатите цени, нема да има поскап зеленчук и овошје од 100 денари за килограм. Ќе има многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но никако нема да има цени од пред неколку дена кои се движеа до 130 и 140 денари, рече Бектеши на брифинг со новинарите.

-Ние нема да отстапиме од вакви одлуки во време на криза. Месец април секогаш бил проблематичен за цените на овошје и зеленчук, затоа што немаме домашно производство. Нема да толерираме маржи од 100 и 200 отсто- додаде Бектеши.

Во однос на евентуалните двојни фактури од увозниците, министерот ги потсети дека затајување на данок над 10.000 евра е кривично дело и тој очекува дека Царинската управа докрај ќе постапи согласно нејзините надлежности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот