Виз ер повторно отвори седум рути од С. Македонија до четири држави во Европа

Архива на СП

 Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави  дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

-Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер  ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.

Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот