„Виша сила“ виновник затоа што не работел сајтот на ДИК

Фото: МИА

Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија, денеска истакна дека нивниот сајтот не работел порад и „виша сила“.

– Имавме одредени технички проблеми, се работи за виша сила и ги надминавме тие проблеми, сега сајтот на ДИК работи –  изјави Оливер Дерковски.

Извештаите на претседателските канидатите за тоа колку пари потрошиле во кампањата не беа објавени на ДИК, бидејќи не функционираше веб страницата.

Антикорупциската комисија веќе ги објави на својот сајт извештаите на Стево Пендаровски и Блерим Река.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот