Видовте ли каква екипа собра Ѓоковиќ? (ФОТО)

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и натаму се опоравува од повредата на рамото која го спречи во обидот да ја одбрани титулата на УС Опен, а слободното време го поминува на еден интересен начин.

Се дружеше со своите пријатели и соиграчи од српската Дејвис куп репрезентација, Јанко Типсаревиќ, Виктор Троицки и Филип Крајиновиќ. Сликата од „квартетот“ ја објави Типсаревиќ на својот Инстаграм профил…

View this post on Instagram

#team ????

A post shared by Janko Tipsarevic (@tipsarevicjanko) on

Како што и се најавуваше, популарниот Ноле би требало да го направи својот кам-бек на тениските терени на турнирот во Токио (Јапонија) кој што ќе се одржува во периодот од 30 септември до 6 октомври.

Претходно објавивме дека денеска Ѓоковиќ ја започна 270 недела на првото место на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот