Анастасија Деа Илиевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Анастасија Деа Илиевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Натпревар за сите средношколци, еден ќе стане милионер!

За првпат кај нас се одржува натпревар за средношколци од широки размери, наменет за сите средношколци од државата, независно дали се од приватно или државно училиште. Еден од нив ќе стане милионер.

Brainster Next College-првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, и NU High School Academy-академијата за талентирани средношколци, го организраат натпреварот со цел да ги мотивираат средношколците да ги насочат мислите кон нешто креативно и да го разбудат натпреварувачкиот дух меѓу нив.

Сакаме средношколците да размислуваат за некоја генијална бизнис-идеја, како што вели за „Слободен печат“ Анастасија Илиевска од Бреинстер, која ги охрабрува младите да се пријавуваат.

– Пријавите можат да се достават најдоцна до 26 октомври на milioner.mk. Потребна е само оригинална идеја, не треба да пишуваат официјален бизнис-план, едноставно само нека ни ја предложат нивната идеја. Ги советувам да се групираат во тимови и покрај можноста да учествуваат самостојно, бидејќи тимската работа има посебни придобивки во претприемништвото – вели Илиевска.

Според неа, со самото учество во натпреварот, вие сте веќе добитник.

– Секој што ќе учествува во овој натпревар е добитник. Добитник сте од повеќе аспекти. Првиот аспект е затоа што ќе имате можност да се вмрежите и да размените искуства и идеи со средношколци коишто размислуваат исто или слично како вас. Потоа со овој натпревар ќе ја имате и можност да запознаете искусни луѓе во бизнисот коишто ќе ви пренесат искуства и знаење и коишто навистина сакаат да видат млади луѓе коишто имаат идеи. Бидејќи, оној кој има идеи, секогаш ќе ги има, оној кој има идеи, секогаш ќе размислува визионерски. Нека не размислуваат, нека не се срамат, веднаш нека аплицираат, нема што да изгубат – рече таа.

Анастасија Деа Илиевска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Анастасија Деа Илиевска – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Натпреварот е осмислен на многу модерен начин, во неколку фази, при што ќе се прават природни селекции на најдобрите.

– Во втората фаза ќе влезат 50 најдобри бизнис-идеи, тие ќе бидат објавени на социјалните мрежи, така што јавноста ќе гласа и ќе има можност да ги одбере најдобрите 20. Следната фаза ќе биде многу интересна, спектакуларна, во неа вклучивме симулација позната во бизнисот како „елеватор пич“ која подразбира ситауција „во вистинско време на вистинско место“. Односно што ако се најдете во лифт со некој инвеститор, како додека се возите за толку кратко време да ја искористите шансата и дали ќе успеете да му ја продадете вашата идеја? Ова ќе биде навистина забавно за сите затоа што подготвивме реална ситуација како учесниците во период од 90 секунди додека се возат во лифт заедно со инвеститор ќе треба да ја презентираат идејата – раскажува Илиевска.

Финалето е предвидено за 30 ноември, кога најдобрите десет бизнис-идеи ќе се борат за главната награда, тогаш ќе се знае кој е првиот средношколец милионер во Мaкедонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот