ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дерала за „Слободен печат“: Тужбите од Мицкоски и смртните закани нема да ме заплашат

Џабир Дерала, претседател на Цивил/ Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Повеќе од 10 години често сум мета на она што се нарекува стратешко заплашување преку судски прогони, а тоа во последната година особено го практикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече во информативната програма за Слободен печат, Џабир Дерала претседател на ЦИВИЛ.

-Се обидува преку судски прогон да ме заплаши да ме сопре, тоа одзема многу време, успева во тоа да ми одземе време, успева да ми одземе пари заради тоа што судските процеси се секогаш релативно скапи, особено за оние кои немаат богатства зад себе и цели партии. И не е само тој, јас бев тужен и од лидер на една друга политичка партија која е во тој блок на Мицкоски“, посочи Дерала.

Дерала додава дека покрај тужби, добива и закани по неговиот живот, но дека тоа нема воопшто да го заплаши.

„Јас го гледам обидот да ме заплашат, но нема да бидам заплашен, ниту заканите со убиство, што ги добивам во мојот инбокс, каде меѓу другите има и еден лидер на една помала политичка партија кој директно ми се закани сите тие треба да знаат дека не можат да ме заплашат. Сепак сите тие се добро информирани и свесни се дека мене не можат да ме заплашат но се обидуваат на тој начин другите да ги заплашат и тоа е опасниот дел од целата приказна“, посочи Дерала.

Тој се осврна и на состојбите во светот и војните за кои вели дека се алатката по која посегаат авторитарните режими кои не се задоволни со поделбата на влијанијата и богатствата во светот.

Според него радикалните структури ќе продолжат со обидите да се наруши меѓународниот поредок, но иако сите мислат дека либералните структури се ослабени, тие според Дерала се` уште се силни и бројни.

„Авторитарните режими ќе продолжат со обидите да се уништи меѓународното право и да се уништат цели држави. Смртта на државата беше идеја на Хитлер во 30тите години па така ја започна Втората светска војна. По Втората светска војна, по втор пат гледаме обид да се уништи цела една држава, не само со геноцидни намери, туку целосно уништување односно укинување на таа држава и тоа е преседанот што го прави Путин во целосниот напад на Украина. Тој нема да запре таму. Затоа велиме дека во Украина се брани западниот, се брани демократскиот дел од светот. Либералната демократија прогресивни сили во светот се икслучително силни и бројни. Иако излегда дека светот се свртува десно, прогресивните сили се многу силни. Тие само треба да најдат повеќе начини на дејствување“ посочи Дерала.

Запрашан за Орденот што го доби од Украина, Дерала одговори дека тоа за него е огромна чест од претседателот на Украина Зеленски, додавајќи дека го добил како признание за борба против дезинформациите.

Целото интервју со Џабир Дерала погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот