ВИДЕОАНКЕТА| Студентите во „Пелагонија“ годинава ќе спијат на нови душеци

Пелагонија - студентски дом - пријавување / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Почна сместувањето на студенти по студентските домови. „Слободен печат“ на првиот ден на сместување во студентскиот дом „Пелагонија“ ги праша студентите како се задоволни од условите. Мислењата се едногласни, тој што бил една година сместен овде, сака и следната да добие место.

Дел од студентите велат дека собите се реновирани, а голем плус се годинава и новите душеци кои се веќе донесени во сите соби. Директорот на домот Агим Фејзулаху во интервју за „Слободен печат“ вели дека списоците се веќе објавени, а студентите почнуваат со сместување.

Пелагонија – студентски дом соби / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

– Како што може да се види денес веќе се сместуваат студенти и се регистрираат. Мислам дека се задоволни, се прават групи меѓу нив доколку веќе биле сместени овде . Секој од нив сака да биде заедно со колеги од минатата година. Вреди да се спомне дека во овој список се втора, трета и четврта година од сите факултети, а од медицинските науки има и петта и шеста година- вели Фејзулаху.

Според него огласот за бруцоши е во тек и списоците за нив дополнително ќе бидат објавени.

Пелагонија – студентски дом – читална / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

– Годинава располагаме со 997 легла, моментално се има 785 студенти од прв оглас, но меѓу нив има и такви кои се одбиени. Сега чекаме приговори од нив, па следува известуваше дали ќе бидат примени повторно- вели Фејзулаху.

Собите се варосани, исчистени, а душеците се поставуваат постепено како што се сместуваат студентите. Директорот вели дека препродажба на местата строго се забранува.

Агим Фејзулаху – директор на Пелагонија / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

– Колегите што се во одделот за сместување строго го контролираат текот на сместувањето. Се бара лишно присуство, но покрај секој студент мора да има и едне родител- вели директорот на „Пелагонија“.

Погледнете ја целата анкета и инервјуто од колешката Агнеса Чаволи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот