ВИДЕО: Затрупани тела, болници преполни со мртви деца, пеколно секојдневие во Газа на 29-от ден од војната

Фото: Твитер

Газа го доживува 29-от пеколен ден од војната, каде се почесто за жал гинат цивили, а многу меѓу нив и деца.

„Кога хорор сцените се ништо во споредба со реалноста во Газа“, пишува во една објава на социјалните мрежи.

Во меѓувреме продолжуваат израелските бомбардирања врз појасот.

Катар тврди дека постојаното бомбардирање на Појасот Газа ги отежнува напорите за посредување за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Шефот на катарската дипломатија шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, на денешната средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, повика на итен прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Појасот Газа.

„Ал Тани ги потврди континуираните напори на државата Катар да посредува во ослободувањето на затворениците, посочувајќи дека континуираното бомбардирање ја удвојува хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и го отежнува нивното ослободување“, се наведува во соопштението на катарското МНР.

Катар минатиот месец посредуваше во разговорите што резултираа со ослободување на две различни групи заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот