ВИДЕО | Загриженост поради матни игри во Штип: Нигериски анонимус пристигна на проба во Брегалница

Фото: Screenshot

Eдна од најпознатите Фејсбук страни посветени на штипска Брегалница изрази загриженост поради нигерискиот 22-годишен анонимус Аволеси Аједеџи кој е во клубот на проба.

Аједеџи во Брегалница пристигнал по препорака и сугестија на фудбалски агент од Македонија на кого засега не му се открива името. Фудбалската биографија на Аједеџи остава сериозен простор за сомнеж дека станува збор за некакви матни игри.

Со своите 22 години, Аједенџи нема никакви основни детали и податоци, дури негов профил не постои ниту на „Трансфемаркт“ каде што се наоѓаат барем основни податоци за веројатно сите професионални фудбалери.

Сепак повикувајќи се на свои извори од афричкиот континент штипските фанови откриваат каков бил фудбалскиот пат на Аједеџи.

Аједеџи бележи настапи за фудбалскиот клуб Кано Пиларс Јуниор, кој настапува во Nationwide League One – NLO, или во пирамидата на нигерискот фудбал, трет левел(ранг) на натпреварување т.е трета лига, првично формирана како аматерска лига во 2008 година во која настапувале клубови финансирани од  приватни фирми, мали и неразвиени локални заедници, селски задруги, поединци заљубеници во фудбал и сл.

Постепено со развојот на оваа аматерска лига, почнувајќи од 2012 година лигата го менува името и влегува во системот на наптреварувањa под ингеренција на фудбалската федерација на Нигерија. Nationwide League One или Третата лига во Нигерија е најголемата грасрут лига во светот со вкупно 132 клубови учесници поделени во 16 групи, заклучно со изминатата натпреварувачка сезона 2022/23, која промовира 8 екипи кои можат да обезбедат пласман во National One – Втората нигериска лига, но и 8 екипи кои испаѓаат од лигата и продолжуваат во Втората Дивизија од Аматерската лига на Нигерија.

Веднаш може да се заклучи дека станува збор натпреварувања на аматери кои имаат своја друга примарна работа, а фудбалот го играат како хоби. Во последните два месеци Аједеџи престојувал во Египет каде што агентите очигледно не успеале да му пронајдат ангажман.

Кон крајот на текстот се изразува загриженост и сомневање дека штипскиот клуб и можноста како клуб да му обезбеди виза за престој се користи како алатка за шверц на мигранти.

„Конкретен заклучок од целата оваа сторија која помалку наликува на македонски народни приказни кои се емитуваат на телевизиите со национална фреквенција рано наутро, е фактот дека Брегалница и да не го потпише овој играч, тој со македонската виза која ќе ја добие, може да престојува на територија на Европска Унија до 90 денови, односно да пребега во било која друга држава,што е доста   разработена шема во соработка на агентите со клубовите кои заеднички си го делат профитот од фудбалерите, без никаква намера за ангажман на играчот.

Исто така постои опција, Аволеси и да не потпише за Брегалница, без проблем да продолжи на проба во било кој друг македонски прволигашки клуб со визата која му ја овозможиле штипските-сини“, стои во текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот