ВИДЕО | ВТБ-лигата го „спакува“ најдоброто од Нено во три минути

Фото: unicsbasket

Maкедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ направи одличен потег минатото лето кога одлучи од Валенсија да се пресели како позајмен играч во рускиот Уникс Казањ.

Во дресот на Уникс Нено ја одигра најдобрата сезона во кариерата и беше главен играч во сезоната во која Уникс стигна до својата историска прва титула во регионалната ВТБ-лига, тоа беше и прв трофеј за македонскиот репрезентативец во кариерата.

Димитријевиќ го освои и признанието за МВП во плеј-офот каде што блескаше против Зенит во полуфиналето и против Локомотив Кубан во финалето. ВТБ лигата сега објави одлично видео од најдобрите потези на нашиот кошаркар во изминатата сезона.

Кога е новата сезона во прашање се уште не е познато каде ќе настапува Димитријевиќ, неговиот договор со Валенсија заврши и е слободен во изборот. Пред него се понуди од евролигашки клубови, но има опција и да остане во ВТБ лигата, Уникс секако сака да го задржи, а се споменуваше и Зенит.

Евролигашки гиганти во трка за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот