ВИДЕО: Вонредна состојба на Папуа Нова Гвинеја- има и мртви

Хаос во Папуа Нова Гвинеја / Фото: Andrew KUTAN / AFP / Profimedia

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе, прогласи вонредна состојба во земјата и суспендира владини и полициски службеници по немирите во кои загинаа најмалку 16 лица.

Марапе рече дека го суспендирал началникот на полицијата, како и највисоките функционери во секторите за финансии и буџет додека владата ги истражува причините за немирите во земјата.

Најмалку 16 лица се убиени во Папуа Нова Гвинеја за време на немирите и грабежите во двата најголеми града во земјата, соопштија властите.
Немири, палење и грабежи избија вчера во главниот град Порт Морсби, откако стотици полицајци, војници, затворски персонал и државни службеници штрајкуваа во знак на протест поради намалувањето на платите.

Владата на Папуа Нова Гвинеја објасни дека намалувањето на платите е предизвикано од административен проблем, наведува британската агенција. Слични немири предизвикаа штета и во Лае, вториот по големина град во земјата во југозападниот Пацифик.

Премиерот Марапе денеска соопшти дека ситуацијата во Порт Морзби се уште е тензична, но дека насилството е намалено.

„Полицијата вчера не работеше во градот и луѓето прибегнаа кон беззаконие, не сите, туку во одредени делови од нашиот град“, рече Марапе на прес-конференција.

Папуа Нова Гвинеја се бори да го спречи порастот на криминалот и насилството и има долгорочна цел да го зголеми бројот на полицајци од 6.000 на 26.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот