ВИДЕО | Уште едно изненадување: Уругвај и Гана си одат дома, Јужна Кореја и прави друштво на Португалија!

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

И денешниот ден не поминува без изненадување во Катар, Јужна Кореја ја победи Португалија и обезбеди пласман во следната фаза заедно со Португалците.

Беше Уругвај во осминафиналето се до последните моменти на натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Португалија. Португалија брзо поведе против Корејците после само пет минути игра со голот на Хорта. Ким Јонг-Гвон се погрижи за изедначување во 27. минута.

Тој резултат 1:1 беше актуелен се до 91. минута кога Хванг-Хе Чан донесе огромна радост на Корејците. Уругвај со 0:2 ја победи Гана со двата гола на Араскаета. Претходно Гана не реализираше пенал преку Ајев.

Јужна Кореја и Уругвај имаат иста гол разлика, меѓутоа во следната фаза Сон и друштвото поминуваат поради повеќе постигнати голови од Уругвајците. Четири гола има Кореја, два гола Уругвај, кај двете селекции гол-разликата е нула.

Португалија која во овој натпревар играше со комбиниран состав остана на лидерската позиција на табелата со шест бода од победите со Гана и Уругвај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот