ВИДЕО: Уште еден инцидент на руската авијација, се урна воен авион, Ловец МиГ-31

Руски авион Ловец МиГ-31 се урна во Мурманск, во северозападна Русија, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Двајцата пилоти се катапултирале.

„За време на планиран тренинг-лет во Мурманск, се урна ловец ‘МиГ-31’“, ​​се наведува во соопштението на Министерството за одбрана

Нема информации за евентуални цивилни жртви или оштетување на инфраструктурата како резултат на падот.

Се работи на утврдување на причината за несреќата.

„Имаме воен аеродром во близина на градот, авионот леташе оттаму. Закажани се вежби, навикнати сме на такви звуци. Но, овој пат звукот беше многу погласен, стаклото на прозорецот затрепери“, изјавил локален жител за новинскиот канал Осторожно.

Министерството за одбрана на Русија пред неколку дена потврди дека пилот на руски борбен авион не сакајќи го бомбардирал рускиот град Белгород во близина на границата со Украина.

Две жени се повредени, а неколку згради се оштетени во случајното бомбардирање.

Руски авион ловец Су-27 минатиот месец пак се судри со американски дрон MQ-9 Reaper над Црното Море.

Драма над Црното Море: Руски авион се судри со американски дрон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот