Драма над Црното Море: Руски авион се судри со американски дрон

Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper денеска над Црното Море, соопшти Европската команда на американската војска.

„Нашиот MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку ќе предизвикаше пад на двете летала“, изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Хекер, командант на американските ВВС во Европа и Африка.

Околу седум часот, еден од руските авиони Су-27 го погоди пропелерот на МК-9, поради што американските сили мораа да го соборат МК-9 во меѓународни води. Неколку пати пред судирот, Су-27 фрли гориво и леташе пред МК-9 на несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин. Овој инцидент, покажува и недостаток на компетентност, покрај тоа што е небезбеден и непрофесионален”, додаде генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Б. Хекер.

Руски и американски авиони летаа над Црното Море за време на војната, но ова е прва позната таква интеракција, која беше потенцијално опасна и можеше да ескалира во критичен момент од борбите, пишува Си-Ен-Ен.

Соединетите Држави управуваат со беспилотни летала „Reaper“ над Црното Море уште пред почетокот на војната, користејќи шпионски беспилотни летала за следење на областа. Беспилотните летала „Reaper“ можат да летаат до 50.000 стапки, според воздухопловните сили, и имаат сензори и способност да собираат разузнавачки информации и да вршат извидување во долги временски периоди, што ги прави идеална платформа за следење на движењата на бојното поле и во Црното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот