ВИДЕО: Украина тврди дека со дрон „Бајрактар“ потопила уште еден руски брод кај Змискиот остров

Украинската Влада тврди дека нејзината војска ја уништила руската фрегата во Црното Море, за што вчера јавија украинските медиуми. Според извештајот, објавен на Твитер, украинските сили нападот го извршиле со дрон „Бајрактар ​​ТБ2“.

„Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров, на дното на морето”, објави твитер-профилот на украинското Министерство за одбрана.

Информацијата за потопувањето на фрегатата „Адмирал Макаров“ и натаму не е потврдена од Москва, ниту од западните воени кругови.

Да потсетиме, откако беше изложен на смртоносен пожар вечерта на 13 април, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва” следниот ден потона во Црното Море додека се влечеше до најблиското пристаниште Севастопол.

Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација на екипажот на бродот, украинските сили потврдија дека го нападнале крстосувачот со противбродски ракети „Нептун” од домашно производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот