ВИДЕО: Тројца загинати и 12 исчезнати во страотната експлозија во станбена зграда во Британија

Фото: принтскрин

Во силна експлозија во станбена зграда на британскиот остров Џерси која се случила синоќа, загинале тројца луѓе, а дванаесетмина се водат како исчезнати, соопштија властите. Во тек е истрага за причината за експлозијата, која била толку силна, што ја регистрирале инструментите за земјотреси.

Властите истражуваат зошто пожарникарите, кои неколку часа пред експлозијата биле повикани да истражат „протекување на гас“ не ја евакуирале зградата.

Спасувачите брзаат да извлечат евентуални преживеани од под рушевините. Надлежните изјавија дека извлекувањето на телата на загинатите би можело да трае со недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот