ВИДЕО | Тројца маскирани лица го подметнале пожарот во кафе барот „Барон“ во Чаир

Фото: Скриншот/Телма

Вчера наутро бил подметнат пожар во кафе барот „Барон“ кое важи за седиште на истоимената криминална група.

Телма“ објави снимка на која се гледа како три лица со тврди предмети ја обиваат влезната врата на кафулето, а потоа го подметнуваат пожарот.

Обвинителството утрово соопшти дека извршен е увид во кафулето во Чаир, подигнати се траги од лице место и обезбедени се снимки од видео надзор и ќе се проверува и евентуална поврзаност на палењето на кафе барот кое му претходеше на убиството на Зељкиф Туша, таткото на Гани Туша, осомничен за убиството на водачите на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами Оки и Јетон Кривањева Жила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот