ВИДЕО | Tри децении без кошаркарскиот „Моцарт“, на денешен ден светот остана без големиот Дражен Петровиќ

: Фото: facebook.com/adzija16

Денес изминуваат точно 30 години од сообраќајната несреќа во германски Инглоштад во која животот трагично го загуби еден од најдобрите европски кошаркари во историјата, Дражен Петровиќ.

Кошаркарскиот свет денес се сеќава на легендата на овој спорт, кошаркарскиот „Моцарт“ кој на 7 јуни 1993 година на трагично загина во собраќајна несреќа во Германија.

Несреќата се случи на автопатот во Инглоштад, каде што автомобилот управуван од девојката на Дражен, Клара удри во камион, Дражен почина местото на несреќата. Веста за големата трагедија молњевито го обиколи светот, кошарката го загуби еден од најдобрите играчи на овој спорт. Неговата девојка и уште една сопатничка која била во автомобилот поминале само со повреди.

Дражен е роден во Шибеник 1964 година, а во овој град започна да се занимава со кошарка каде што за прв пат го покажа својот чудесен талент. Со матичниот Шибеник играше во финалето купот „Радивоје Корач“ во 1982 и 1983 година, а потоа ја освои и титулата шампион на Југославија, која подоцна на „зелена маса“ и беше доделена на Босна. Потоа заминува во Цибона каде што две сезони во низа застануваше на тронот на Европа (1985 и 1986 година).

Во Цибона остана до 1988 година, кога направи трансфер во Реал Мадрид, а потоа очекувано заигра во НБА лигата. Прво ги бранеше боите на Портланд (1989-1991), а потоа на Њу Џерси каде што беше најдобар стрелец.

Кога во прашање е репрезентативната кариера, со Југославија во 1989 година стана шампион на Европа и најдобар играч на првенството, а една година подоцна ја освои и титулата шампион на светот. После распадот на земјата со Хрватска играше во финалето на Олимписките игри, против познатиот американски тим предводен од Мајкл Џордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот