ВИДЕО: Тимот на „Лајка“ спаси куче заловено во стапица за диви животни

Фото:Принтскрин/Лајка

Тимот на „Лајка“ во текот на денешниот ден спаси куче, кое било фатено во нелегално поставена стапица за диви животни на планината Водно.

„По пријава на загрижени граѓани нашиот тим заловувачи веќе две недели ја посетуваше локацијата и се обидуваше да го залови кучето, кое за жал беше фатено во стапица за диви животни, која нелегално е поставена на нашата планина Водно. Кучето беше преплашено и ни требаше повеќе време да го фатиме, но нашиот ветеринар, доктор Горан кој со многу трпение и упорност, даде се од себе да го ослободи од стапицата. Кучето е моментално е во нашето прифатилиште и нашите ветеринари даваат се од себе да ја санираат раната, ќе известиме за неговата состојба во текот на денот. Згрозени сме од овој настан, иако не е ова прв случај, се надеваме дека ќе биде последен, кучето било во огромни болки и ќе следи долг процес на заздравување и социјализација за да му ја вратиме довербата во луѓето. Ова е апел до сите граѓани кои одат на Водно да пазат за својата безбедност и безбедноста на своите миленици“, се вели во објавата на Лајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот