ВИДЕО | Тажни вести: Загина стрелецот на вториот најбрз гол во историјата на фудбалот

Фото: Screenshot/Twitter

Името Гевин Стоукс не значи многу за пошироката фудбалска јавност, но овој Школтанѓанец ќе остане запишан во историјата како стрелецот на вториот најбрз гол во историјата на фудбал.

Како што објавуваат медиумите во Шкотска, Стоукс го загубил животот во сообраќајна несреќа. Со својот автомобил тој излетал од патот во местото Патрик, во близина Глазгов и на лице место го загубил животот.

 

Несреќата се случила изминатата ноќ некаде околу 1:30 часот по полноќ. Стоукс зад себе остави и еден син со неговата невенчана сопруга Лорин. Голот со кој остана запишан во историјата на фудбалот го постигна во дресот на Мерихил, веднаш по изведувањето од центарот.

Низ кариерата настапуваше за Данди Јунајтед, Алоа, Килбирни и Ирвајн. Во младинските категории го носеше и дресот на репрезентацијата на Шкотска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот