ВИДЕО | Тандемот Депај-Гризман донесе победа за „јорганџиите“ против Атлетик

Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Aтлетико Мадрид во рамките од 22-то коло во шпанската Примера стигна до тешка победа против Атлетик Билбао, а човек на одлука беше Антоан Гризман.

„Јорганџиите“ славеа во натпревар во кој видовме само еден гол и тоа во второто полувреме. Клучниот момент од натпреварот се случи во 72-минута кога Гризман по едно проигрување со Депај тргна кон голот на Атлетик со мајсторски удар го матираше противничкиот гол.

Со овие три бода Атлетико Мадрид стигна до четвртото место во Примера со 41 освоен бод, Атлетик Билбао е седми со 32 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот