ВИДЕО: Суперкласико лансираше нова ѕвезда, Хулијан Алварез ја сруши Бока

Хулијан Алварез со двата гола го реши Суперкласико/ фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

По точно 582 дена на стадионот „Монументал“ е одиграно првото Суперкласико помеѓу Ривер Плата и Бока јуниорс пред навивачи, а речиси сите се радуваа поради победата на домашниот тим од 2:1.

Како одлучувачки момент се покажа исклучувањето на поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркус Рохо, кој по само 16 минути игра доби два жолти картони.

Откако имаа играч повеќе, фудбалерите на Ривер Плата ја презедоа иницијативата и веќе во 25 минута со фантастичниот гол на Хулијан Алварез поведоа со 1:0.

Еден од најдобрите млади фудбалери на светот се покажа како кобен за гостите бидејќи со вториот гол во 43 минута ги реши дилемите околу победникот.
Бока Јуниорс во вториот дел успеа да го ублажи поразот со голот на Карлос Замбрано во последните моменти од натпреварот.
Ривер со победата во Суперкласико се искачи на лидерската позиција на табелата со 30 бодови, еден повеќе од Талерес кој пак има и наптревар помалку, додека Бока Јуниорс е на делба на шестото место со 21 освоен бод.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот