ВИДЕО | Српска инфлуенсерка предупредува да го читаме составот на лебот што го купуваме

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Настасја Недимовиќ е поранешна професионална ватерполистка од Нови Сад, инфлуенсерка која мотивира да ги промени лошите животни навики и жена која го победила ракот за време на бременоста.

Меѓу нејзините корисни совети на Инстаграм, се издвојува една неодамнешна објава во која објаснува што всушност има во лебот што го купуваме, поточно црниот „здрав“ леб.


Многу темни сорти леб кои се продаваат како интегрални и здрави всушност имаат состав кој често нема никаква допирна точка со здравјето, истакнува Настасја.

„Еве пример – пишува дека е леб од хељда со семки, а првата состојка е бело пченично брашно. Потоа, тука е додавањето на шеќер, декстроза, а можете да видите колку букви Е се додадени – „вистински“ ржан леб кој содржи девет букви Е, т.е. емулгатори…“ – посочува Настасја.

Настасја покажува и темен, двојно печен леб за кој вели дека често е користи во здравата исхрана, а притоа се служи во болниците и породилиштата.

„Покрај лебот се продават и интегрална кифли со лен и сусам што содржат дури 30 состојки, вклучувајќи маргарин, конзерванси, ароми и емулгатори“ – посочува Настасја.

На крајот, јасно е дека е исклучително важно да се читаат декларациите на производите што ги купуваме, а добрата работа во се е домашната алтернатива, поточно домашен леб што можете да го подготвите за 35 минути, со сè печење.

Настасија го сподели рецептот за домашен леб со своите следбеници: Тоа е леб без бело брашно, без квасец, без шеќер.

Рецепт за здрав домашен леб:

Состојки:

– 150 гр меко брашно (може било кое освен бело брашно)
– 50 гр брашно од просо (може било кое)
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка хималајска сол
– 1 лажица семки (опционално и по избор)
– 200 мл јогурт (може да биде и вода или незасладено млеко од растително потекло)
– 3 супени лажици маслиново масло

Подготовка:

Соединете ги сувите и влажните состојки, измешајте со лажица, префрлете во калап, посипете со семки и печете на 180 степени околу половина час.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот