фото: EPA/FILIP SINGER

ВИДЕО | Спектакл во Хамбург: Дортмунд водеше со 3:1 до 86 минута и не успеа да дојде до победата

Фудбалерите на Ст. Паули и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 3:3 во Хамбург, во првото коло од Бундеслигата.

Стрелци за Дортмунд беа Серху Гираси во 34 минута, Валдемар Антон во 67 минута и Јулијан Брант во 74 минута.

Головите за Ст. Паули ги постигнаа Андреас Хунтоњи во 50 минута, Данел Синани од пенал во 86 минута и Ерик Смит во 88 минута.

Борусија Дортмунд го заврши натпреварот со играч помалку на теренот, откако Филип Мане доби директен црвен картон во 85 минута.

Во следното коло, Борусија Дортмунд ќе биде домаќин на Унион Берлин, додека Ст. Паули ќе гостува кај Хамбург.

ВИДЕО | Хофенхајм непријатно го изненади Баер Леверкузен во првото коло од Бундес лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот