ВИДЕО | Слон во потрага по храна удри во комбе на австралиско семејство

Слон во потрага по храна удри во комбе на австралиско семејство / Фото Твитер

Австралиско семејство кое било на одмор во Шри Ланка останало шокирано откако слон удрил во нивното комбе и пробил низ прозорецот барајќи храна.

Видеото покажува како цицачот се појавил од шумата во Националниот парк Јала, пред ненадејно да се стрча кон Касун Баснајаке и неговото семејство. Слонот го искористил својот рог за да го пробие прозорецот на возачот и со сурлата барал нешто за јадење во комбето.

Касун, од Перт, Западна Австралија, изјави за Би-Би-Си: „Почна да ни пребарува околу нозете за храна и возачот ни рече да му дадеме се што имаме, па го нахранив со остатокот од сендвичот на мојот син“.

„Тој ми рече да го фрлам остатокот низ прозорецот, а возачот потоа успеа да забрза. Тие сендвичи и чипс веројатно ни го спасија животот“.

За време на инцидентот немало повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот