ВИДЕО | Скопјани реагираат: Три дена им требаше на градските служби да почнат да го чистат снегот

epa07273213 A woman walks on a snow covered street during a heavy snowfall in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 10 January 2019. FYR of Macedonia has been affected by heavy snowstorms in the last two days. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Три дена им требаше на градските служби да го исчистат снегот, реагираат граѓаните кои ги анкетираше Слободен печат.

– Улиците се чисти, но дури денеска, три дена откако заврна снег, задоцнија со чистењето, иако беше најавено дека ќе има снег, рече еден од анкетираните.

Скопје, 15 февруари 2021

Спротивно на нив, пак, Марјан Пaвиќ главен инженер во ЈП „Улици и патишта“ во изјава за Слободен печат вели дека одржувањето на сообраќајниците во зимски услови е на задоволително ниво, а доказ за тоа е што никој досега нема пријавено дека има застој во сообраќајот.

Скопје, 15 февруари 2021

 

Дел од граѓаните имаа и пофални зборови за работата на зимската служба.

– Одлично е исчистено, подобро никогаш не било. Плоштадот е исчистен и прооден, порано не беше вака, на плоштад не се поминуваше со денови откако ќе заврнеше снег, беше мисењето на еден од нашите соговорници.

Скопје, 15 февруари 2021

Зимската служба во текот на денот го ќе исчисти патот до Средно Водно, со цел да може да се овозможи движење кон планината.

Погледнете ги сите одговори од анкетата во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот