ВИДЕО: Шпанија од голема негатива до полуфинале на Европското првенство

Хуанчо Хернангомез, шпанскиот кошаркарски репрезентативец/Берлин, Германија/13 септември 2022/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Шпанските кошаркари се првите полуфиналисти на Евробаскет 2022 откако денеска ја совладаа селекцијата на Финска со резултат 100:90 во четвртфиналната фаза. Шпанија редовно од 1999 година на континенталните собири обезбедува пласман помеѓу четири најдобри селекции.

Финците, исто како и против Хрватска во осминафиналето, се покажаа како исклучително тежок и непријатен противник, што го потврдува и одличното прво полувреме кое го завршија со девет поени разлика (43:52), а во неколку наврати имаше и 15 поени предност.

Но, во второто полувреме „црвената фурија“ направи целосен пресврт, доминирајќи особено во третата четвртина со 30:15, а последната ја освоија со 27:23.

Вили Ернангомез беше најефикасен во победничките редови со 27 поени, а неговиот брат Хуанчо додаде 15. Кај Финска најдобар беше Лаури Марканен кој имаше „дабл-дабл“ учинок од 28 поени и 11 скока.

Шпанија во полуфиналето на ЕП ќе игра со победникот од вечерашната пресметка меѓу репрезентациите на Германија и Грција (20.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот