ВИДЕО: Шок на „Сан Сиро“, Удинезе го совлада Милан за прв триумф во Серија А

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во последниот натпревар од саботната програма во 11 коло од италијанскиот шампионат Милан пред своите навивачи на „Сан Сиро“ изненадувачки загуби од Удинезе со 0:1.

По четирите нерешени резултати во низа, клубот од Удине конечно дојде до својата прва победа сезонава во Серија А и тоа против една од екипите која е единствен за највисок пласман.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Перејра од пенал во 62 минута.

„Росонерите“ веќе трет натпревар по ред не знаат за триумф (два порази, едно реми) и веќе заостануваат шест бодови зад водечкиот Интер кој претходно славеше кај Аталанта (1:2).

Удинезе моментно е на 16 позиција со 10 бодови. Денеска се одигра уште еден меч, Наполи со 0:2 ја надигра Салернитана, а еден од стрелците беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот