фото: EPA/JACOB KUPFERMAN

ВИДЕО | Сензација на СП за клубови: Флуминенсе го совлада Интер за четвртфинале

Фудбалерите на Интер загубија со 2:0 од Флуминенсе во Шарлот (САД) во осминафиналниот натпревар од Светското клупско првенство.

Бразилскиот клуб дојде во водство во третата минута, а стрелец на голот беше Аргентинецот Герман Кано.

Мрежите мируваа (ако не се смета поништениот гол на Флуминенсе во 40 минута) сè до судиското продолжение на второто полувреме.

Тогаш предноста на Флуминенсе беше зголемена преку Херкулес (90+3`).

Во следната рунда, Бразилците ќе играат против победникот од натпреварот Ал Хилал – Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот