ВИДЕО | Се појави снимка од моментот кога Роналдо му кажува „не“ на Тен Хаг

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Веќе една недела Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието поради ситуацијата од натпреварот со Тотенхем кога одби да влезе во игра.

Роналдо демонстративно тогаш го напушти натпреварот пред завршувањето, а подоцна Тен Хаг потврди дека одбил да влезе во игра во финишот од средбата. Сега на социјалните мрежи се појави видео од целата ситуација на кое јасно може да се види моментот кога Португалецот го одбива повикот на Тен Хаг, за подоцна да замине во соблекувалната.

Клубот поради таквиот потег го казни Роналдо и тој не беше во составот за натпреварот со Челзи минатиот викенд, неколку дена тренираше со младинците меѓутоа од вчера повторно е со првиот тим и се очекува да биде во составот на Манчестер Јунајтед за наредниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот