ВИДЕО | Се пласираше во финалето на Суперкупот, па на прес-конференцијата доби повик од Мурињо

Фото: Screenshot

Португалецот Рикардо Формосињо се најде во центарот на вниманието поради ситуацијата за време на прес-конференцијата по натпреварот во кој обезбеди полуфиналето во египетскиот Суперкуп.

Неговиот тим победи по луда пенал серија со 14:13, а се изведуваа дури 34 пенали. На прес-конференцијата тој доби повик не од било кого туку од Жозе Мурињо.

„Извинете, морам да се јавам, Жозе Мурињо ме бара… Шефе…“, започна Формосињо на англиски, а потоа зборуваше на португалски.

Познанството на Формосињо и Мурињо е од времето кога тој му беше помошник во Манчестер Јунајтед и во Тотенхем, но од 2019 година тргна во самостојна тренерска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот