ВИДЕО: Русија тврди дека соборила три украински дрона на нејзина територија

дрон EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Во текот на изминатата ноќ, руските сили собориле три украински беспилотни летала, тврди руското Министерство за одбрана. Еден од дроновите бил соборен во близина на Москва, јужниот регион Ростов и југозападниот регион Брјанск.

Како што изјави гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев оштетени се фасади и неколку куќи и има повредено едно лице.

Во Брјанск, фрагменти од еден од двата уништени беспилотни летала ги искршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, објави новинската агенција Интерфакс. Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на зградата на Командата на рускиот јужен воен округ, местото од каде се координира руската агресија врз Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот