ВИДЕО | Рудигер обезбеди три бода за Реал Мадрид против Мајорка

Фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Реал Мадрид во рамките од 19-тото коло во Ла Лига стигна до нова победа во шпанската Ла Лига откако вечерва со минимални 1:0 ја совлада Мајорка.

Имаа „кралевите“ иницијатива, но изостануваа посериозните прилики за гол, па така по првите 45 минути мрежите мируваа.

Слична слика на теренот гледавме и во второто полувреме, но Рудигер беше човек на одлука со голот во 78-та минута на асистенија на Лука Модриќ.

Реал Мадрид со оваа победа го обезбедува првото место по ова коло со оглед на тоа што со натпревар повеќе има три бода повеќе од второпласираната Жирона која вечерва од 21:30 часот го игра дербито со Атлетико Мадрид кој е на третата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот