ВИДЕО | Ризаов: Тврдам одговорно дека ниеден медиум не може да опстане со чесна работа и висок професионализам

Ерол Ризаов и Мирче Јовановски/Фото: Слободен печат

Етиката во новинарството, професионализмот на новинарот, регулативата како услов за создавање услови за медиумите, како и финансирањето на медиумите се основни лостови за да може јавноста да добие независни, слободни и објективни медиуми што ќе се залагаат за вистината и за правдата со еден збор за општото добро на граѓаните. Новинарството во изминатиот период многу се измени и во споредба со периодот пред 90-тите и постојат суштински разлики што го одредуваат и квалитетот односно што се придонесоа за пад на квалитетот на новинарството како дејност.

-Во почетокот на моето искажување сакам да укажам дека ќе се обидам при вршењето на споредбата на периодот пред 90-тите и денешната состојба да биде тоа објективна анализа и да не бидам пристрасен. Деградацијата на новинарството во Македонија почнува со уништувањето на професионализмот во редакцијата на Нова Македонија и Македонската радио телевизија. Во основа почетокот падот го гледам со појавата на повеќепартизмот. Во општественото уредување што го нарекоа едноумие се што беше добро го напуштивме и влеговме во процес на безумие. Тоа е факт дека се случи во целото општество и во многубројните општествени области и дејности, а тоа значи и во новинарството. Трагична е состојбата дека по појавата на нови медиуми во ситуација на тогашното јавно барање да падне монополот во новинарството, а тогашните височини не може денес да ги достигнеме  е дека и тие пропаднаа подоцна, од една страна и практично Македонија денес нема медиуми што ќе бидат конкурентни во вистината. Етиката и професионализмот апсолутно беа присутни во овие два новинарски конгломерати и тие го диктираа темпото. Грубата комерцијализација не беше започната. Често го наведувам моето лично искуство од времето на одржувањето на нашите колегиуми во редакцијата на Нова Македонија да беше поставена една скриена камера и денес да се емитува многубројни луѓе би биле изненадени и би се зачудиле. Таквите колегиуми беа места каде што се вршеше анализа на актуелниот број и план за подговтовка на наредниот со присуство на најголем број уредници и новинари. Ние манифестиравме целосна заштита на творештвото на авторот, каде што не сме го менувале ставот на новинарот. Ова го изјави Ерол Ризаов, новинар и основач на порталот „Независен“.

Појавата на нови форми како резултат на развојот на технологијата придонесе во новинарството информацијата брзо да се дистрибуира, но произведе и поголемо ниво на манипулација со вистината. Луѓето се соочија и со лажни вести, како и многубројни некорисни и непотребни информации.

-Според мене оваа тема е многу сеопфатна и времето што го имаме за разговор нема да биде доволно за да ги искажеме сите можни аспекти на проблемот и да ги дадеме одговорите на прашањата. Етиката и новинарството се наоѓаат во тесна врска и односи. Од тоа каков е односот во овие две области е условена и иднината на новинарството Моето искуство од работата во Нова Македонија и од учеството на тогашните колегиуми е дека на нив се водеше меѓу колегите вистинска  „интелектуална битка..Новинарот не можеше да дојде со произволна и неподготвена тема, а беше должен предложената тема да ја образложи. Кога зборуваме за новинарството тогаш и денес има една битна разлика а тоа е технологијата која се користи, а се појави во изминаните години. Во меѓувреме се појавија нови форми на медиуми и пред се благодарение на интернетот се развија општествените мрежи. Новинарството доби шанса побрзо да ја прати информацијата, но таа технологија создаде и услови одредени медиуми да прават и побрза манипулацијата со вистината. Според мене во медиумите се случи одреден процес на “пожолтување“ што значи пад на квалитетот и нарушување на професионалните стандарди. Ова го изјави новинарот Мирче Јовановски во емисијата Утрински печат на Слободна ТВ.

Разговорот со новинарите и уредници Ерол Ризаов и Мирче Јовановски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот