ВИДЕО: Реал покажа кој е „газда“ во Мадрид

Реал Мадрид ја оствари 10 победа по ред во сите натпреварувања/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:0 во дерби натпреварот на 17 коло во Ла Лига.
Ова беше вкупно 279 натпревар од популарното „Мадрилењо“ и 143 победа на Реал Мадрид.

Исто така, ова беше вкупно 10 победа за Реал во сите конкуренции и се издвои на првото место на табелата со 32 бода, осум повеќе од второпласираната Севиља која има и натпревар помалку.

Победата и трите бода за „кралевите“ се по заслуга на Винисиус Жуниор кој асистираше при постигнувањата на двата гола. Првиот гол го даде Карим Бензема во 16 минута, додека конечниот резултат го постави Марко Асенсио во 57 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот