ВИДЕО: Расистички скандал во Данска – фудбалерите на Мароко ги споредија со мајмуни

фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Репрезентацијата на Мароко на Светското првенство во Катар секако беше една од најубавите приказни, а играчите беа највозбудени што по секоја победа ќе слават со своите семејства. А денеска се исмеваа со сето тоа на една данска телевизија и ги споредија Мароканците со мајмуни, што е навистина невиден срам.

На крајот фудбалерите на Валид Реграги го освоија четвртото место на Светското првенство, што е историски резултат на оваа репрезентација и секако најголема сензација на големото натпреварување во Катар, за првпат една селекција од Африка е во Топ 4 на Мундијалите.

Иако за третото место беа поразени од Хрватска со 2:1, сигурно е дека Мароканците можат да се гордеат со сè што покажаа во претходниот месец и ги заслужуваат сите честитки.

Тоа особено се однесува на она што го направија по секоја победа што би ја постигнале на ова големо натпреварување. Тогаш играчите на Мароко ги славеа победите со своите родители, а особено се истакнаа Ашраф Хакими и Софиан Буфал кои најпрвин отидоа во прегратките на своите мајки, што ја воодушеви светската јавност.

Мароканците покажаа колку се поврзани со своите родители, што беше слика која го воодушеви светот, но очигледно не и целиот свет, бидејќи денес Данците ги шокираа сите.

Имено, на националната телевизија TV2 News тие го шокираа светот затоа што го исмеваа фактот дека Мароканците се толку поврзани со нивните семејства и ги споредија со мајмуни, што е навистина скандалозно. Ваквиот расистички потег ја шокираше јавноста која ги осуди водителите и уредниците на оваа данска телевизија на кои им порачаа дека тоа што го направиле е неприфатливо.

Само да додадеме дека Данска уште пред да почне Мундијалот протестираше зошто се организира таков голем настан во Катар, дури и се закануваше дека нема да настапи. Данците не ја поминаа ни групната фаза, односно беа последнопласирани зад Франција, Австралија и Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот