фото: EPA-EFE/ISAAC ESQUIVEL

ВИДЕО | Рамос намерно го шутна противникот и го доби 30 црвен картон во кариерата

Серхио Рамос (38) го доби 30-от црвен картон во професионалната фудбалска кариера.

Легендата на Реал Мадрид и шпанската репрезентација заработи исклучување на натпреварот од 12 коло од мексиканското првенство меѓу УНАМ Пумас и неговиот Монтереј.

Монтереј победи со 3:1, но Рамос, капитенот на тимот, фрли црна дамка на таа победа со неспортски чин во 91. минута, откако намерно го шутна противничкиот напаѓач Гиљермо Мартинез.

Судиите го забележаа неговиот потег и доби директен црвен картон.

Рамос потпиша за Монтереј во февруари оваа година како слободен играч. Тој е без клуб откако на крајот од минатата сезона му истече едногодишниот договор со Севиља, неговиот клуб од детството во кој се врати по 16 години во Реал и две во ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот