ВИДЕО | Рамадани: Рикер и Столтенберг ни дадоа многу директна поддршка – очекувам администрацијата на Бајден да биде вклучена во спорот со Бугарија

исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

Поканата за македонското членство во НАТО дојде на Самитот во Брисел во јули 2018 година, по потпишувањето на Преспанскиот договор, со што престана грчкото противење на македонското членство во Алијансата. На 6 февруари 2019 година НАТО потпиша протокол со кој ја повикаа Македонија како договорна страна на Северноатлатскиот договор, а по два дена, Грција стана првата земја чиј парламент го ратификуваше пристапниот протокол за македонското членство во Алијансата.

Во вонредни околности, во услови на пандемија со ковид-19, на 27 март лани во Вашингтон вршителот на должност амбасадор на земјава во САД, Вилма Петковска, на американскиот помошник – државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер му го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство.

Tри дена подоцна, на 30 март 2020, знамето на Северна Македонија беше кренато да се вее пред седиштето на НАТО во Брисел.

Гостин во Утрински брифинг беше првиот човек на Евроатланскиот Совет во земјава Исмет Рамадани, кој смета дека придобивките во однос на безбедноста се тука, но поради пандемијата некои очекувања не биле исполнети до крај.

Нашите очекувања, барем за обичните граѓани, резултатите како да се невидливи, особено од тие кои понекогаш даваат тенденциозна оценка или на некој начин имаат резерви кон нашето членство во НАТО. Но како и да е, тие резултати можеби не е толку истакнати во економските придобивки, затоа што обично државите кои станаа членки на НАТО, наредната година имаа скок на инвестиции во проценти кои беа доста убедливи. Во Бугарија на пример од 7,5 милијарди на 11,5 милијарди, во АЛбанија веднаш 1 милијарда инвестиции. Кај нас единствено што можевме да го видиме е што генералниот секретар по негова интервенција успеа да обезбеди карго авиони со респиратори и други помагала.

Во однос на одбраната дефинитвно станавме безбедна држава. Во колективна одбрана и заедничка безбедност сме дел од тие 30 земји и тоа е придобивка која многу значи и поради опкружувањето и поради многу моменти кои ги пројдовме од осамостојувањето па навака. Дојдовме до ситуација и кога грчките авиони го чуваат небото на Северна Македонија. Со таа иста Грција имавме политички сериозен проблем околу името на државата. Од друга страна чекаат на ред, се спремаат да го чуваат неашето небо, бугарската, турската авионска флота. Така што во тој дел околу безбедноста добиваме многу.

Во другиот дел – се подобрува станедардот на нашата армија и во однос на опремата и во однос на образованието. Го добивме правото наши официри да посетат најдобри воени академии. Добиваме една армија која и понатаму ќе биде поопремена и поспособна, вели Рамадани.

Самиот факт кога се подоготвуваме за членство во НАТО, во исто време се подговотвуваме и за членство во ЕУ. Тие стандарди и критериуми во голема мерка се и комплементарни – човекови права, правда, слобода на медиуми, безбедност, економски развој. Сите тие се евро-атлантски вредности. Треба да го имаме и фактот дека 22 земји кои се членки на НАТО во исто време се и членки на ЕУ. Ова значи дека освен што сме сојузници во рамки на НАТО сме во сојуз и за ЕУ. Затоа очекувањата беа дека побрзо ќе се фати чекорот за ЕУ. Но и тие земји кои не поддржуваат имаат проблем со тој т.н консензус за донесување на одлуки. Кога се внатре тие имаат различни интереси, така што обично преќутно понекогаш и кога се свесни и убедени дека одредена држава не е во право што употребува вето, тие или преќутно или оние кои се демократски поразвиени имаат искуство во односите во ЕУ, даваат јавна поддршка. Причината за Договорот со Бугарија беше да се забрза одот кон НАТО и ЕУ. Но одеднаш се случи нешто крајно радикално и нефер кон Северна Македонија кога се донесе таа декларација во нивниот Парламент. Понекога велам дека од некаков интерес субјективен внатре во политичките прилики во Бугарија беше наметната таа декларација од порадикални партии, но чудно е што зад тоа застанаа и претседателот на државата Радев и другите политички партии, вели Рамадани.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот