ВИДЕО: Пукање на Ноќта на вештерките во Чикаго, десетици повредени

Фото: Profimedia

Најмалку 14 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, пишува Фокс њуз.

Според американскиот медиум, полицијата на прес-конференцијата потврдила дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни.

Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, изјави дека најмалку еден автомобил бил снимен на уличните камери и се верува дека двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата.

Нападот траел само неколку секунди, а пукачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот се уште е нејасен.

Настраданите се пренесени во неколку болници, засега нема информации за смртниот исход. Браун рече дека некои луѓе се во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот