ВИДЕО: Прв пат во историјата на Британија судот пресуди дека деветгодишно девојче починало од загадување на воздухот

За прв пат во историјата на Велика Британија судот го прифати вештачењето на патологот кој потврди дека причината за смртта на деветгодишното девојче Ела Роберта од Лондон била загадувањето на воздухот, пренесе Дејли Мејл. 

„Заклучувам дека загадувањето на воздухот беше придонес за смртта на Ела Роберта“, рече Филип Барлоу, патолог во лондонскиот кварт Саутварк.

Мајка на деветгодишно девојче, Росамунд Киси-Дебра, не можеше да го скрие задоволството по заклучокот на судскиот лекар.

„Ја добивме заслужената правда“ рече таа.

Ела Аду-Киси-Дебра во јавноста позната како Ела Роберта почина на 15 февруари 2013 година по тежок напад на астма. Од првиот напад таа за три години беше хоспитализирана 30 пати.

Девојчето со своето семејство живеело на помалку 30 метри оддалеченост од еден од најфреквентните патишта во британската престолнина, патот Сouth circular road.

Во 2014 година, судството заклучи дека Ела починала од акутна респираторна инсуфициенција предизвикана од тешка астма, а не поради загадување.

Тие заклучоци беа поништени во 2019 година по што апелациониот суд закажа нови рочишта. Особено влијание во процесот имаше извештајот на британскиот експерт за загадување на воздухот, Стивен Холгејт, од 2018 година.

Тој пронајде врска помеѓу хоспитализациите на Ели и високите нивоа на јаглерод диоксид и честички, најштетните загадувачи, во близина на нејзиниот дом.

Барлоу утврдил дека причините за смртта се акутна слабост на респираторниот систем, астма од која страдало девојчето и изложеност на загадување, чие ниво ги надминало препораките на Светската здравствена организација.

„Аерозагадувањето е важен фактор што придонесува за започнување и влошување на астмата“, објасни тој.

Денес, Симон Биркет, основач и директор на „Чист воздух“ во Лондон, го објави предложеното ново законодавство, наречено „Закон на Ела“, кое граѓанско движење го подготви со помош на адвокати.

Тој рече: „Потребни ни се нови должности и овластувања за Владата, градоначалниците и локалните власти да работат заедно за да го намалат загадувањето на воздухот од сообраќајот и објектите и да преземат мерки кога загадувањето на воздухот ги надминува упатствата на Светската здравствена организација“.

Росамунд Киси-Дебра го поддржа барањето, додавајќи: „Нејзиното наследство ќе биде да донесе нов Закон за чист воздух и за владите – не зборувам само за владата на Велика Британија – владите ширум светот сериозно да ја сфатат оваа работа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот