ВИДЕО: Пронајдени 319 стебла канабис во пехчевско

Откриена марихуана во пехчевско/Фото: МВР

Во атарот на пехчевското село Негрево, вчера во 11:30 часот, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, пронашле 319 стебла на растението канабис.

-Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот